Општина Охрид објавува јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето општината за купување велосипеди во 2020 година.
На граѓаните кои ќе купат нов велосипед ќе им се надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед. Средствата што општина Охрид ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 6.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „првдојден, првуслужен“.
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Охрид, кои ќе купат нов велосипед од било кој продажен салон во нашата држава од денот на објавување на јавниот повик се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 30.11.2020 година, и кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.
Барателот треба да е жител на општина Охрид, до сега да не користел субвенција за купување на велосипед, новиот велосипед да е купен во нашата земја во периодот од објавување на повикот се до исцрпување на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30.11.2020 година.
За начинот на пријавување и спроведување на јавниот повик повеќе информации на општинската интернет страна.