Општина Охрид, по втор пат, распиша  јавен повик за субвенционирање на клима уреди, односно современи уреди за затоплување на  домовите, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината. На граѓаните кои имаат купено такви уреди за затоплување во 2021 година – инвертер клима уред, градот ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 15 април 2021 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв, стои во соопштението од Општина Охрид.

Од општината додаваат дека доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид за оваа намена, Општина Охрид ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

Повеќе информации околу јавниот повик за субвеционирањето на граѓани за набавката на модерен систем за затоплување можете да погледнете тука.

OhridNews