Националната установа Центар за култура ,,Григор Прличев”-Охрид, од 10 до 13 март ќе го прикажува научно фантастичниот филм на познатиот режисер Џејмс Камерун ,,АВАТАР”.

Мегахитот со најголема заработка во историјата на филмот во Охрид доаѓа непосредно по церемонијата за доделување на оскарите, на која „Аватар“ доби три златни статуетки.

Љубителите на филмот, „Аватар“, ќе можат да го погледнат во затоплена кино сала и по симболична  цена  на билетот од само 100 денари, информираат од Центарот за култура.

OhridNews