Аватар е четврта седмица по ред филм со најголема заработка на светот, и се повеќе се приближува до рекордот кој го држи претходниот хит на сценаристот и режисер Џејмс Камерон, Титаник. Овие податоци ги соопшти дистрибутерската куќа на филмот „20th Century Fox“.
Тродимензионалниот научно-фантастичен еп за време на викендот заработил 191,5 милиони долари, со што вкупната заработувачка се искачила на 1,3 милијарди долари. Аватар во средата го надминал филмот Господар на прстените, и сега пред него се наоѓа само Титаник.