Во завршна фаза се подготовките за спектакуларниот концерт на мега ѕвездата Лени Кравиц кој е планиран за 3-ти август. Претставници на „Авалон“ продукција кои имаат потпишано договор со Лени Кравиц, вчера беа во посета на Охрид каде ја разгледаа спортстката сала „Билјанини извори“, како една од алтернативните локации за одржување на концертот……

Тука сме со цел да ги согледаме сите можни технички услови за организација на најавениот концерт на Лени Кравиц ова лето, ни изјавија од екипата на Авалон, која вчера ја затекнавме во спортската сала „Билјанини извори“.

Гостувањето на Лени Кравиц во Охрид како дел од неговата светска турнеја би значело премногу за нашата држава. Да влеземе во светската турнеја на Лени кој гостува во најпознатите светски метрополи и туристички места би било голема промоција и голем успех не само за Охрид, туку и за Македонија“, велат од Авалон. Оттаму појаснуваат дека условите за настап на Лени Кравиц во Македонија се преголеми. Барањата  на такви ѕвезди се огромни, бидејќи зад Лени стои голема продукција која доаѓа со неколку шлепери опрема и затоа дојдовме во Охрид да ги согледаме условите. Шансите се огромни, но ќе потенцирам „Авалон“ потпиша договор со агенцијата на Лени за еден концерт на 3-ти август, сепак мора да бидеме рални и да ги согледаме сите аспекти, но се надеваме дека концертот ќе го направиме во Македонија, а не во некоја од соседните земји“, ни изјавија дечките од Авалон.

Концертот на рок музичарот Лени Кравиц кој зад себе има дузина мега хитови кои царуваа на светските топ  листи ќе биде музички настан број едн во регионот ова лето. Доколку тој се реализира во Охрид, тоа ќе биде огромна афирмација на градот како светска туристичка дестинација.

М.П./Б.Н.