Кошаркарскиот клуб АВ Охрид спогодбено договорот го раскина со нови два играчи и тоа центарот Милојко Василиќ и бекот Саша Ѓорѓевиќ.


Српските интернационалци меѓу „галебите“ пристигнаа на стартот од сезоната и допринесоа многу во натпреварите од првата и двата во втората полусезона.

Охридскиот кошаркарски клуб претходно го раскина договорот со Марјан Младеновиќ и Дмитри Некрасов, а Дарко Димковски од Охрид замина во зимскиот преоден рок.


Од АВ Охрид најавуваат дека за брзо ќе донесат нови засилувања со кои ќе се атакува на добри резултатите во дебитанската сезона во Првата лига.

OhridNews