Кошаркарскиот клуб АВ Охрид на 10 октомври на домашен терен против Борац Чачак ќе ги започне мечевите во Втората АБА лига.
Учеството на „галебите“ во Втората АБА лига ќе биде вистински предизвик и шанса за докажување, која не смее да се пропушти и прокоцка.
Клубот за што подобра промоција надвор од границите се екипира на неколку полиња. Играчки се засили со нови осум кошаркари, а организациски подготовките се во тек.
Натпреварите од АБА лигата се играат во вторник, а охридските кошаркари ќе се натпреваруваат и во националниот шампионат.
OhridNews