Францускиот интернационалец Реми Бери не е повеќе член на АВ Охрид, откако клубот го ослободи од понатамошните обврски. Охридскиот состав веќе одигра неколку натпревари без него во составот после повредата на дуелот со Крка во регионалната Втора АБА лига.

– Реми Бери не е повеќе кошаркар на АВ Охрид. Патиштата ни се разминаа со Бери, кој прекрши и одредени правила во клубот. Му се заблагодаруваме за доприносот во клубот и му посакуваме се најдобро понатаму. – стои во соопштението од АВ Охрид.

Кошаркарите имаат ден одмор по синоќешното гостување кај МЗТ Скопје, а утре ги очекува дуелот со Сикст Примороска во регионалната Втора АБА лига кој е последен за оваа 2017 година.

OhridNews