Кошаркарскиот клуб АВ Охрид има осум поени негатива (41-33) по првите дваесет минути со Борац Чачак на стартот од сезоната во Втората АБА лига.
Гостинските кошаркари подобро го отворија мечот и во првата четвртина стекнаа предност од седум поени (21-14).
Охриѓани ја „нападнаа“ негативата и стигнаа до минус 5 (34-29), но „црвените“ со серија поени во финишот ја вратија предноста и на одмор заминаа со плус осум.
OhridNews