Тренинг институтот „Аутодеск Македонија“ ги додели првите дипломи за 3D MAYA, како резултат на последниот циклус на обуки.

-Изработивме напредна програма која обезбедува висок квалитет на трансвер на знаење и искуство. Самиот софтвер кој се користи во гејминг индустријата, филм, тв, анимација, машински дизајн е еден од најексплатираните од  лепезата на Аутодеск. Материјалите кој ги добиваат курсистите во дигитална форма се креирани на Македонски јазик а нашата компанија посвети внимание на изработка на специфични вежби кои гарантираат понапредно знаење и искуство, велат од „Аутодеск Македонија“.

„Аутодеск Македонија“ е компанија која веќе 4 години има лиценца од „Аутодеск САД“ и работи како тренинг институт за обезбедување на високо квалитетна обука за софтверите на Autodesk. Компанијата редовно одржува курсеви во повеќе градови во земјава, меѓу кои и во Охрид, каде реализра летна школа. Од неодамна компанијата го прошири делувањето и надвор од македонските граници, воглавно во земјите од опкружувањето.

Во изминативе 4 години, над 300 курсисти се имаат здобиено со сертификати – дипломи директно од Аутодеск Америка, признаени во целиот свет.

OhridNews