Ретки чаеви стари половина век ќе имаат централно место на првата аукција на чаеви во хонг Конг, а исклучително ценетиот „улонг“ чај би можел да достигне цена и од околу 130 илјади американски долари, проценуваат организаторите. Повеќе од 40 врсти чаеви потекнуваат од приватни колекции од Кина, Хонг Конг и Тајван, а аукцијата е планирана за во сабаота. Најстарите листови чај се од педесеттите години од минатиот век. Се проценува дека целата колекција би можела да се продаде за три милиони хонгконшки долари. Организаторот и експерт за чај Винсент Чу рекол дека кинезите имаат долга историја во пиење чај, како што французте сакаат вино.
Аукциите на чај вообичаено се одржуваат во Кина, но Чу сега верува дека со првата аукција и хонг конг ќе стане седиште на колекционерите поради слободниот пазар. Тој објаснил дека тоа бил пазар со многу голем потенцијал. На почетокот од овој век луѓето купувале со тони чај, а во одредени периоди истиот бил продаван како недвижностите. Хонг Конг веќе стекнал репутација за еден од најголемите аукциски центри за уметнички дела и вино благодарение на богаташите од Кина.