Аукцијата за купување на капитенската лента од Кристијано Роналдо која ја фрли на теренот во Белград после мечот Србија – Португалија од квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 заврши со понудата од компанијата „Моцарт Бет“, во висина од 3,9 милиони денари.
Целиот приход од добротворната акција ќе биде наменет за лекувањето на шестмесечниот Гаврил Ѓурѓевиќ, кој води битка со тешка болест.
За потсетување, Роналдо капитенската лента ја фрли, искажувајќи незадоволство кон судиската тројка од Холандија, која во третата минута од судиското не призна важечки погодок на Португалецот. Судиите после мечот и се извинија на Португалија за превидот и грешката, а потегот на Роналдо наиде на осуда.
OhridNews