Фудбалерите на Аугзбург ја продлабочија резултатската криза на Борусија Дортмунд, откако пред своите гледачи со 2-1 го совладаа лидерот на табелата во Бундес лигата.
Џи Донг Вон во 24-та и 68-та минута погоди за домаќините, додека мала надеж за поволен резултат во гостинскиот состав врати Пако Алкасерес кој стрелаше прецизно во 81-та минута. До крајот мечот не се промени резултатоти и гостите капитулираа.
„Милионерите“ го претрпеа само вториот пораз сезонава, но во последните пет мечеви во германскиот шампионат имаат само една победа. Аугзбург со триумфот над Борусија Дортмунд му пружи одлична можност на Баерн Минхен, кој со победа ќе се изедначи со ривалот на врвот од табелата.
OhridNews