Компанијата „Ауди“ склучи договор за купување на групацијата Мекларен, соопшти „Autocar“. Ауди ќе ја преземе контролата врз целата компанија, вклучувајќи го и тимот на Мекларен кој се натпреварува во Формула 1 шампионатот.
За потсетување, претходно Мекларен Груп делумно продаде дел од Ф1 тимот на „MSP Sports Capital“ кој стекна 15 проценти од акциите, а до крајот на 2022 година уделот ќе порасне на 33 проценти.
Тимот на Мекларен е вториот најстар учесник во Формула 1 и вториот најтрофеен по Ферари.
OhridNews