По обраќањето на српскиот претседател Александар Вучиќ дека се уапсени две лица осомничени за убиството на девојчето Данка Илиќ (2) полицијата официјално потврди дека ги привела работниците на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот, додека АТВ соопшти дека тие со автомобил го усмртиле девојчето, по што нејзиното тело го фрлиле на дива депонија покрај „Старобањски пат“ кај Бор, јави дописникот на МИА од Белград.

С.Ј. е осомничен дека со службеното возило „фиат панда“ на улицата „Радомир Путник“ удрил во пешак, двегодишната Данка Илиќ, и ја усмртил. Заедно со колегата Д.Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на „Старобањски пат“ кај Бор, каде телото го исфрлиле на десната страна од патот, изјавил извор близок до истрага, пренесува АТВ.

Полициски екипи го блокираа приодот до депонијата каде што се сомнева дека е фрлено телото на двегодишната Данка Илиќ, јавуваат медиумите.

OhridNews

фото. МИА