Бизнисменот Ацо Попоски е избран за нов претседател на општинската организација на НСДП во Охрид. Тој доби апсолутна поддршка од делегатите на повторнота изборна конференција на огранокот на НСДП Охрид.
На конференцијата која се оддржа дваесеттина дена по распуштањето на старото раководство од страна на централата во Скопје избрани се извршен и надзорен одбор на огранокот.
На основачкото собрание присувствуваа лидерот на НСДП Тито Петкоски и генералниот секретар на партијата Горан Мисоски. Во изјава за медијумите Петкоски искажа уверувања дека охридскиот огранок на партијата со изборот на новото раководство брзо ќе се консолидира. Тој уште еднаш повтори дека не очекува заминувањето на повеќе членови на партијата од Охрид во ВМРО-ДПМНЕ негативно да влијае врз НСДП, бидејќи како што рече, се работи само за 13 членови кои си заминале поради лични интереси.
„Како што вели народот во секое лошо има и добро. Очекувам по сите овие турбуленции што се случија во Охрид дека можеби ке се роди силна и би рекол многу помоќна партија која мора да се разликува и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ“ – рече Петкоски.
Тој информираше дека НСДП и официјално побарала од премиерот Груевски, партијата да ги задржи функциите кои ги извршуваа поранешните членови на НСДП, сега членови на ВМРО-ДПМНЕ.
Новиот претседател на општинската организација на НСДП, Ацо Попоски, за ohridnews изјави дека приоритет по стапувањето на функцијата ќе му биде изградбата на партиската инфраструктура. Вратите на НСДП во Охрид се отворени и за постарите но и за нови членови, ни изјави непосредно по изборот Попоски.