Евгениј Поп Ацев од ПК Студент Скопје трета година по ред триумифира на Илиндескиот куп. Популарниот мал маратон кој годинава се одржа по јубилеен 30 пат, Поп Ацев го преплива за 26, 44 минути.
Втор на целта од патеката долга од 2,5 км од Горица до Охрид пристигна неговиот клубски другар Александар Илиевски додека третопласиран беше Игор Дамески од Вардар.
Во женска конкуренција победи Ивона Младеновска од ПК Студнет- Скопје со време 35,40 минути, второпласирана беше Сузана Арсовска (Работнички), додека на третото место се пласираше битолчанката Елена Ангеловска.
Во категоријата под 16 години победи Симона Маринова.
Мирко Постоловски
фото:Васко Бујароски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com