Во изјава за “Македонски Спорт“ Толески вели :
– “На еден од тренинзите при еден спринт откажа тетивата на мојата нога и потоа веднаш бев префрлен в болница. Лекарските екипи веднаќш интервенираа и сега ногата ми е во лонгета, а тоа автоматски значи дека ќе мора да паузирам неколку недели. Убаво ми тргна почнав да давам голови, но повредите кои никој од нас фудбалерите не ги посакува ме затече токму мене. Сега ми престојат две неделни терапии и очекувам брзо да се вратам на зелениот терен”
Од Албанската Беселиџа, Толески во зимскиот преоден рок премина во Литванската Ветра, покрај погодоците на подготовките, еднаш се запиша во листата на стрелци на мечот со Шилуаи.