Охриѓанецот Александар Толески е блиску до премин во албанскиот суперлигаш “F.C. BESELIDHJA”. Екипата е на подготовки во Охрид, а по тренизите кои ги одработи со тимот челниците се задоволни и постигнале сега за сега само устен договор кој викендов ќе го стават и на хартија. Неофицијално се работи за двегодишен договор кој тежи околу 100 илјади евра.

Толески Алекснадар потекнува од охридската пионерска школа, а најголемата афирмација ја имаше играјќи за Цементарница каде помина 5 сезони. По Цементарница една полусезона мина во тетовска Шкендија. Минатата полусезнона беше дел од тимот на Драган Бочески, Напредок, но поради повреда на коленото не одигра ниту еден меч за Кичевци.

Од минатата полусезона во овај албански суперлигаш челнови се Гоце Петрески и Илче Стојчески. Во албанското првенство клубовите немаат ограничувања во бројот на странци па клубовите може да пазарат колку сакат.

Со ангажманот на Толески завршуваме co “шопингот” во Македонија – вели за ohridnews Зока Јоку преседателот на клубот. Пре задоволни сме овде во Охрид. Почнувајки од хотелот “Ривиера“ па се до терените каде условите за работа се оптимални.


Задоволен од Охрид – Зока Јоку (лево) и неговиот домаќин Агрон Мерко

До привршувањето на подготвките в среда сепак како што дознавме не е исклучена можноста клубот да се засили со “прилепчанецот “ Жилсон.

Во овај период уште еден охриѓанец замина на привремена работа во Албанија. Лево крилниот офанзивец Сашо Ѓорески од Работнички Кометал премина во редовите на Албанскиот шампион Тирана.