Охриѓанецот Аце Толески е на листата на желби на скопски Вардар.

Напаѓачот кој минатата полусезона ја мина во редовите на вторлигашот Тетекс е едно од потенцијалните заслиувања на скопјани.

Толески, кој потекнува од охридската фудбалска школа,претходно низ својата кариера има настапувано и за Цементарница 55 и Напредок, како и литванска Ветра.

Да, се водат разговори со Толески, меѓутоа засега ништо не е дефинирано – вели спортскиот директор на Вардар, Драги Сетинов.

ohridnews