Советот на општина Охрид денеска ќе го одржи продолжението на 41 седница. На дневен ред меѓу другото ќе се најдат повеќе точки од сферата на урбанизамот за кои советниците не постигнаа консензус на првото рочиште во петокот.
Меѓу поинтересните точки се и таа за донесување на Детален урбанистички план за урбана заедница 17, урбан блок 17.4, опфат 1 (дел од Спортски центар- „Гранит“, „Трудбеник“) каде е предвидено да се гради хотелски комплекс. За оваа точка Советот нема изградено единствен став, а дел од советниците не се согласуваат со предлогот на општинската администрација.
На предлог на градоначалникот дневниот ред на денешната седница е надополнет со предлог за донесување Нацрт- урбанистички план за населено место, туристичка населба „Горица-исток“ каде хотел сака да гради холандски инвеститор.
ohridnews