Македонските претставници во ракометната Лига Европа, Еурофарм Пелистер и Металург добија атрактивни и квалитетни ривали во фазата по групи.

„Пелистерци“ силите во групата Д ќе ги одмерат со Татабања, Кадети Шафхаузен, Рајн Некар Левен, ГОГ Гудме, Тримо Требње, додека Металург ќе се сретне со Адемар Леон, Висла Плок, Чеховски Медведи, Тулуз и Фиверс.

ЕХФ планира мечевите во Лига Европа да започнат на 20 октомври.

Групите:

Група А: Адемар Леон, Висла Плок, Чеховски Медведи, Тулуз, Фиверс, Металург

Група Б: Ним, Динамо Букурешт, Татран Прешов, Фуксе Берлин, Спортинг, Кристијанстанд

Група Ц: Магдебург, Олингсос, Бешикташ, Монпелје, Нексе Нашице, ЦСКА

Група Д: Татабања, Кадети Шафхаузен, Еурофарм Пелистер, Рајн Некар Левен, ГОГ Гудме, Тримо Требење

OhridNews