Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја задржа првата позиција на најновата АТП рејтинг и се доближи чекор поблиску до рекордерот според најдобро рангирање, Рожер Федерер.
Ѓоковиќ на првото место има поминато 291 седмица и му требаат уште 20 седмици за да го престигне учинокот на швајцарскиот тенисер.
На врвот од АТП рејтинг листата Ѓоковиќ има 11 740 бодови. Потоа, следуваат Рафаел Надал, Доминик Тим и Федерер. Топ 5 листата ја комплетира Стефанос Циципас.
Иначе, Ѓоковиќ, Федерер и Надал битка за превласт во „белиот спорт“ водат на сите полиња и љубителите на тенисот оваа ера ја сметаа за „златна“ бидејќи никогаш претходно немало ваков квалитет и ривалитет.
OhridNews