Рускиот интернационалец Павел Атман по завршување на сезоната ќе го напушти македонскиот првак, Металург и ќе замине во тимот на Веспрем.

Унгарскиот првак пред почетокот на оваа сезона покажа интерес за рускиот бомбардер, но тогаш за Ohrid news стратегот на Металург, Лино Червар негираше било каков трансфер.

Атман во редовите на Металург пристигна од Динамо Минск и веднаш стана клучна алка од играта на екипата од Автокоманда.

Со него во тимот „пиратите“ стигнаа до титула во националниот шампионат, пласман во четвртфиналето од Лигата на Шампиони и финале во Купот на Македонија.

Мх.П.