Рускиот ракометен репрезентативец Павел Атман ќе го напушти Металург и кариерата ќе ја продолжи во Катар односно во тимот на Ал Џаиш.


Екипата на Ал Џаиш од клупата ја предводи поранешниот тренер на Вардар, Зоран Кастратовиќ и Атман сигурно ќе биде огромно засилување за неговиот состав.

Атман во редовите на Металург пристигна од Динамо Минск, кој ја доживеа истата судбина како и македонскиот првак.

Рускиот репрезентативец од следната сезона ќе ги брани боите на унгарски Веспрем бидејќи потпиша преддоговор пред извесен период.

Мх.П.