Рускиот ракометен бомбардер Павел Атман беше поврзуван со сензационален трансфер во унгарски Веспрем. Атман екипата на Металург ја засили пред почетокот на сезоната кога дојде од редовите на Динамо Минск.

– Не убаво да се зборува за негов евентуален трансфер кога тој со нас има актуелен договор уште една сезона. Тој и следните 12 месеци ќе биде со нас, а потоа незнам што може да се случи – рече Лино Червар.

Поради повреда на коленото Атман не беше во можност да даде 100% од своите можности и одигра епизодна улога во поразот на Металург од Вардар во финалето од Купот.

Мх.П.