Рускиот репрезентативец и поранешен член на Металург, Павел Атман е пред портите на Вардар пренесува „Македонски спорт“.


По раскинувањето на договорот со Металург рускиот бомбардер се пресели во клубот Ал Ахли во Обединетите Арапски Емирати каде ќе ја доигра сезоната.

Атман и тимот на Вардар се во завршни преговори, а со евентуално потпишување тој ќе ја зголеми руската колонија во „Јане Сандаски“.

„Црвено црните“ веќе имаат договорено три засилувања за следната сезона, а тоа се Дејан Манасков, Александар Деревен и Хорхе Македа.

Мх.П.