На 8 септември (недела), со почеток во 9 часот на патеката од Св. Наум до Охрид по 33-ти пат ќе се одржи Атлетскиот маратон со меѓународен карактер во Охрид. На еден од најстарите и најтешките маратони кој се организара по повод независноста на Македонија ќе учествуваат вкупно 150 натпреварувачи од десеттина земји.
Здружението Охридски атлетски маратон 2012 кое го организира маратонот, најави, дека 33-то издание можеби ќе биде и последно ако не добијат помош и поддршка од институциите околу финансиите.
- Подготвени сме за 33-то издание на маратонот а учесниците веќе пристигнуваат во нашиот град и почнуваат да се аклимитаризираат. Јас како претседател на здружението најавувам дека овој маратон ќе биде последен организиран од наша страна. Можеби, организацијата ќе ја преземе Атлетскиот клуб Охрид. Ние немаме веќе сила и ставаме точка. Не се потребни големи финансии, а ние сите ресурси од спонзори ги исцрпивме а не добиваме помош од градот и властите. – изјави Пецо Неданов.
Охриѓанецот Дејан Ангелоски по трет пат ќе учествува на маратонот во Охрид и верува дека ќе оствари најдобро лично време кој ќе му донесе што повисок пласман.
- Мојата е цел е персонален рекорд кој се надевам дека ќе ми донесе висок пласман. Целокупната конкуренција е голема а исто така и помеѓу македонските атлетичари. Квалитетот на атлетичарите ќе биде мотив и за мене и ветувам дека ќе дадам се од себе на маратонот. – рече Ангелоски.
Прв пат маратонот се одржа во 1976 година а во континуитет се оганизираше до 1993 година на 7 ноември по повод ослободувањето на градот Охрид. После десет години пауза, во 2004 година, по иницијатива на сегашниот одбор се возобнови маратонот и освен во 2011 година констатно ја собираше атлетската елита од Балканот.
Рекордер на трката со пет победи е Живко Стојчески а најмногу учествуа вкупно 18 има Славко Симоноски. Во машка конкуренција најдобро време има Кениецот Абел Кибет Роп (1.34.58) додека во женска конкуренција рекордот е во сопственост на Кенијката Ребека Џепчирчир (1.48.12).
OhridNews