Маратонот се одржува на денот на македонската независност 8 септември, со старт во 10 часот кај Св. Наум, целта е кај Хотелот Ривиера – Охрид. Патеката е со должина од 30 км., а маратонците се поделени во 2 категории и тоа : Прва категорија МАЖИ од сите возрасти и Втора категорија ЖЕНИ од сите возрасти.
Најтрофеен маратонец е Живко Стојчески со 5 (пет) освоени први места.
Со најголем број на учества на маратоните е Коста Стојчески вкупно 13 (тринаесет) години, од 1981 до 1993 година.
Најстар маратонец кој ја истрчал патеката Св. Наум – Охрид е 73 годишниот Живоин Јекиќ со резултат 2:52,30.
Рекордерот на патеката во машка конкуренција го држи Борислав Девиќ од СР Југославија со резултат 1:39,13.
Рекордерот на патеката во женска конкуренција го држи Шаламанова Добринка од Република Бугарија со резултат 2:06,01 постигнат 2006 година.