Охридските атлетичари ќе ја предводат македонската репрезентација на Балканијада за млади младинци-ки (родени 1991 и помлади) која ќе се одржи на 6 септември (сабота) во Бар (Црна Гора) .

Во Бар заминаа следниве атлетичари:

млади младинци
– Филип Кафтановски (100 и 400 метри)
– Бојан Милчевски (800 метри)
– Огнен Павловски (1500 метри)
– Славчо Мирчевски (далечина и трискок)
– Јане Стоев (височина)
– Здравко Тодороски (ѓуле и диск)

млади младинки
– Елизабета Филкова (100 метри)
– Христина Ристеска (400 метри)
– Александра Митроска (800 метри)
– Фросина Ристоска (1500 метри)
– Надица Јовановиќ (височина)

Со репрезентативците во Бар замина и селекторот Влатко Димитров, како и тренерите Божурка Ѓошевска, Крсто Серафимовски и Ѓорѓи Гешовски.

М.П.