Македонската репрезентација од Скопје ја испрати преседателот на федерацијата Цветко Грозданов, кој им посака многу успех на атлетичарите.
По подолго време македонската репрезентација изгледа “стросано“,(опремени со маички, тренерки,атлетски дресови) како што и доликува на една репрезентација . Во сите официјални документи нашата репрезентација фигурира под уставното име.
Македонската експедиција предводена од шефот на делегацијата Иван Цветкоски е сместена во мирен крај 20 км од Банска Бистрица, во гратчето Зволен.