Најскапиот фудбалер во клупската историја на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, денеска, имаше официјално промоција на Ванда Метрополитано стадионот. Португалецот во Мадрид се пресели од Бенфика за неверојатни 126 милиони евра.
Феликс е највредниот тинејџер во светот а неговиот трансфер е во ТОП 5 во фудбалот. Тој пред симпатизерите на клубот од Мадрид ги искажа своите впечатоци.
- Возраста влијае на некои работи, но јас ја имам потребната зрелост за да се справам со притисокот и знам како е да си во врвен тим. Сите велат дека имам 19 години, но дека изгледам позрел, така што нема да има проблеми. Секој сака да игра во најдобрите тимови на светот, а Атлетико е таков тим. Имав шанса и ја искористив. Секогаш ја следев шпанската лига и секако, Атлетико. – изјави Феликс.
Феликс рече дека зборувал со Кристијано Роналдо и оти сакал да остави свој печат во шпанската Ла лига исто како неговиот сонародник во градскиот ривал Реал. Виновник за трансферот Феликс го посочи тренерот Диего Симеоне, кој е заштитен знак и голем миленик на навивачите.
OhridNews