Атлетико Мадрид синоќа пред своите навивачи претрпе пораз од Реал Мадрид (1-3) во градското дерби. „Кралевите“ стигнаа до исклучителни важни бодови кои ги вратија во борбата за титулата во шпанската Примера дивизион.
Домаќините уште во текот на натпреварот имаа многу замерки за судењето и користењето на ВАР системот, а клубот со користењето на видео технологијата се пошегува на социјалните мрежи. „Јорганџиите“ се жалат за досудениот офсајд после голот на Мората за изедначување 2-2, пеналот кој му беше досуден на Реал Мадрид и пеналот кој не беше досуден за нив.
OhridNews