Атлетико нема да ја менува стратегијата во спорот со Барселона за Антоан Гризман. Да потсетиме дека Атлетико ќе биде обврзан да го купи Гризман од Барса за 40 милиони евра доколку играчот помине најмалку 45 минути на теренот во 50% од натпреварите во две сезони во клубот.
На четири натпревари во Ла Лига по ред, Антоан влезе како замена по 60. минута. Според „Diario Sport“, адвокатите на Атлетико разбираат дека Барселона нема основа да започне постапка.
Најавите се дека Атлетико ќе продолжи со стратегијата да го внесува во игра Гризман во вториот дел додека Каталонците не се согласат на намалување на откупот на играчот.
Барселона не очекуваше да биде во ваква ситуација и не очекуваше Атлетико да ја заземе оваа позиција. Во моментов Каталонците немаат правни аргументи кои би можеле да ги искористат за заштита на интересите на клубот.
Триесет и едногодишниот напаѓач има постигнато два гола откако влезе како замена во четири натпревари во Ла Лига.
OhridNews