Со завршниот натпревар на Билјани Извори беше заоркужен проектот „Школа за Атлетика“ кој преку Атлетската федерација на Македонија го подготвија  неколку поранешни атлетичари, се реализира преку програмата за развој на атлетскиот спорт на Европската атлетска асоцијација.

Таа обезбеди грант од 13.000 швајцарски франци, а проектот го помогнаа и Агенцијата за млади и спорт, МОК и бројни спонзори .По успешно минатите две фази ,селекција и тренинг на деца од 11 и 12 годишна возраст , трета фаза или завршниот натпревар со одржа во Охрид каде на атлетската патека продефилираа 72 деца од 3 основни учлишта ОУ Гиргор Прличев – Охрид , ОУ Кузман Јосифоски Питу – Скопје,ОУ Гоце Делчев – Босилево .

Митингот помина во прекрасен амбинет и во беспрекорна организација .Севкупен победник во првата година од овај проект беше ОУ Гоце Делчев – Босилево кое беше предводено од поранешниот македонски олимпиец Ване Стојанов:

 Кога ги гледам овие деца, како трчаат, скокаат по теренот, како да се гледам себеси и моите почетоци .Се надевам и што е целта на овај проект дека некое од овие деца еден ден ке ја преставува  Македонија на некое од големиоте натпреварувања  – вели Стојанов
 
Тука заложбите како на АФМ така и на поранешните ателетичари кои го реализираа овај проект на застануваат .

 Ова е само прва од трите години од ваквиот проект преку Европскта атлетска федерација ,ке аплицираме и за наредните две години, кога други три града ке земат учество во проектот – завршува координаторот на проектот Иван Цветкоски.

М. Постоловски