Четири члената македонска атлетска репрезентативна експедиција предводена од селекторот Влатко Димитров и тренерот Крсте Војнески замина  за Букурешт (Романија) каде на 6 јуни (петок) ке учествува на Меѓународен атлетски митинг.

Македонија на овој митинг ке ја представуваат:
мажи :
Далибор Спасовски – 400 метри,
Реџеп Селман
– троскок

жени :
Ивана Рожман – 100 метри,
Александра Спасеска
– 100 метри

Поради повреда митингот ќе го пропушти  Александра Војнеска (100 метри)

Најдобрите од последниот Куп натпревар кои заминаа за Романија се олимписки кандидати за ОИ во Пекинг, каде што ке оди по едно машко и едно женско со вајлд карта.

Крајниот рок за одредување кој атлетичар-ка ќе ја представуваат Македонија на ОИ во Пекинг е крајот на месец јуни, а до тогаш македонската репрезентација ке има уште еден меѓународен настап на 21 и 22 јуни на Купот на Европа во Банска Бистрица (Словацка).

Ohridnews