На 30 и 31 мај (петок и сабота) во Скопје на Градскиот стадион ќе се одржи Финалето од сениорскиот Куп на Македонија.

Охридските атлетичари во финалето ќе настапат во четири дисциплини: Селман Реџеп во финалето ќе учествува во дисциплините скок во далечина и трискок, додека Славчо Мирчевски само во трискок. Штафетата 4 х 100 во состав Цветковиќ, Павловски, Кафтановски, Селман ќе трча во финалето .

Кај девојките Јулијана Велјановска во финалето ќе се натпреварува во категоријата фрлање диск.
 
Право на настап на финалниот куп натпревар имаат првопласираните 6 во сите дисциплини од квалификациите кои се одрзаа пред две недели. Ке се бодуваат само оние резултати кои ке ја исполнат предвидената норма во секоја дисциплина.  севкупен победник ке биде оној клуб кој ке има освоено најмногу бодови.

Во петок натпреварите започнуваат во 16 часот, додека во сабота во 10 часот.

ohridnews