Без победници со поделба на бодовите завршија првите две средби во Новата 2020 година во шпанската Ла лига. Севиља и Атлетик Билбао ремизираа 1-1, додека Реал Ваљадолид со Легањес заврши 2-2.

Екипата на Атлетик Билбао поведе во текот на мечот со Севиља уште по 15 минути игра. Андер Капа го отвори резултатот. Во 60-та минута Унаи Њуњез ја затресе сопствената мрежа и го изедначи резултатот. Притисокот на Севиља до крајот на натпреварот не вроди со плод и дуелот заврши 1-1.


Реал Ваљадолид два пати во средбата со Легањес губеше и два пати наоѓаше начин да се врати од негативата и да не дозволи пораз пред своите гледачи.

Првата рунда во Новата 2020 година ќе го одбележи градското дерби помеѓу Еспањол и Барселона кое се игра в сабота во 21 часот.

OhridNews