Кинеската атлетичарка, Ксао Нан, на студентските натпревари има освоено 40 медалји, но откако во тамошната болница и направиле тестови, утврдиле дека таа е всушност машко и има машки хромозоми, по што се одрекла од 30 медалји.


Отсекогаш чувствував поголеми симпатии спрема жените. Но, и моето тело повеќе наликуваше на машко, поради што често бев збунета, вели Ксао. Атлетичарката сега живее како маж, и веќе е започнат процесот на промена на нејзиниот пол, кој ќе трае девет месеци.

– Никогаш не ме радуваше победувањето. Чувствував грижа што седам на победничкото место и секогаш сметав дека вистинскиот победник е тој што седи до мене – истакнала Нан.