Минатата година атлетичарите беа доста активни. Реџеп Селман и Ивана Рожман беа дел од македонскиот Олимписки тим, а во текот на годината федерацијата беше присутна на сите поголеми митинзи и натпреварувања во сите возрасти и категории.
Селекторот Влатко Димиторов е само критичен и вели дека резултати на постигнатие атлетичари се скромни, но со оглед на вложувањата во овја спорт, може но и мора да бидеме задоволни
– Резултатите постигнати на големите натпреварувања се далеку се под нивото, на жалост се уште наше мото е олипмиското “важно е да се учествува“ – вели Димтров.
Условите во кои вирее атлетиката се очајни, идејата за стипендирање на младите атлетичари од страна на АМС не е воопшто лоша, но селекторот смета дека повеќе внимание треба да им се посвети на т.н. млади сениори на возраст од 19- 23 години, бидејќи томку од тие генерации треба да се очекуваат врвни резултати.
Атлетската федерација на Македонија и наредната година има згуснат календар на настапи. Подготвките во Бугарија и настапот на Балканските игри во Грција ќе бидат квалификациски за атлетичарите околу местата на мратовското ЕП во сала во Торино, Италија.