Атлетичарите од АК „Делта“ од Скопје, Адријана Поп Арсова во женска и Драган Ивановски во машка конкуренција постигнаа нови македонски рекорди во маратон, кои и досега беа во нивна сопственост.
Двата рекорди беа соборени на вчерашниот маратон чиј домаќин беше данскиот главен град Копенхаген.
Ивановски на својот 25. роденден ја истрча маратонската делница од 41,2 километри за 2:18,12 часа, што е за повеќе од три минути подобро време од неговиот стар државен рекорд (2:21,27 часа) остварен на ланското издание на Скопскиот маратон.
Нов рекорд во Копенхаген истрча и Адријана Поп Арсова, со време од 2:35,29 часа, или пет минути побрзо од нејзиното претходно рекордно остварување, 2:40,36 часа, исто така, лани на Скопскиот маратон.
OhridNews