Викендов, во Софија (6-7 февруари), Бугарија, ќе се одржи меѓународниот атлетски митинг во сала на кој  традиционално учествуваат и наши атлетичари, како прв натпревар во новата натпреварувачка сезона кој повеќе служи за загревање, за предизвиците кои следат.


За учество на митингот “Академик” се пријавени 9 атлетичари. Тоа се Ефремов (60 м и на 400 м), Селман (троскок), Мирчевски (60 м и скок во далечина), Милчевски (800 м), Ристеска (60 м и 400 м), Спасеска (60 м), Ристеска (800 м), Јанковски (скок во височина) и Милчевски (800 м).

Со екипата патуваат и селекторот Влатко Димитров, како и тренерите Крсте Серафимовски и Божурка Ѓошевска.