Атлeтската репрезентацијата на Македонија во намален состав ќе замине на подготовки во Софија (Бугарија) како подготовка за предстојните зимски Балкански игри кои на 21 февруари ке се одржат во Атина.

Подготовките ќе се одвиваат од 20 до 31 јануари, а предвидено е и репрезентативците во проширен состав да настапат на атлетскиот митинг во сала “Академик” кој ке се одржи на 31 јануари во Софија.

На подготовки ќе заминат: Енис Даутовски, Кристијан Ефремов, Јованче Јанковски, Славчо Мирчевски, Роберт Трпоски, Ивана Розман, Александра Спасеска и Христина Ристеска.

Со нив ке заминат и селекторот Влатко Димитров и тренерот Ѓорѓи Вучков.

Ohridnews