На Национално екипно првенство за сениори и сениорки што викендов се одржа во Скопје, натпреварувачите од АК Охрид остварија забележителни резултати.

Стефан Стефаноски во диск повторно доминантен заврши на првата позиција, додека во фрлање кладиво го освои второто место. Искра Маџоска, пак, во трката на 100м заврши на 4тото место со нов постигнат личен рекорд.

Во наредниот период следуваат значајни натпревари, АК “Охрид” продолжува со подобрување и брусење на формата.

Г.М.