Во Дубаи, минатиот четврток, во присуство на повеќе од 2 000 гости, е отворен најскапиот хотел во светот – “Атлантис“ вреден 1.5 милијарди долари.
Хотелот е отворен со спектакуларен огномет и концерт на Кајли Миног, а на отварањето присустувале бројни личности од светот на славните и богатите, како Мајкл Џордан, Роберт Де Ниро, Шарлиз Терон, Мери Кејт Олсен и др.
Се погодува дека само за церемонијата за отварањето биле потрошени повеќе од 20 милиони долари.
Самиот хотел е сместен на вештачкиот остров во облик на палма, прв од трите вакви острови кои се градат во Дубаи. Хотелот “Атлантис“ има 1.539 соби, а неговите две кули ги поврзува мост со кралски апартман во кој ноќевање чини вртоглави 35 000 долари.