Сопственик на ланец суши ресторани ја купи за 108.500 евра првата атланска туна оваа година на познатиот пазар Цикиџи во Токио, најголемиот рибен пазар на светот. Цената од 14 милиони јени (108.500 евра) за џиновската туна оваа година е три пати поголема во однос на 2015, но е многу под рекордот од 2013 година кога била продадена за 155,4 милиони евра (тогаш 1,2 милиони евра). Туната минатата година беше продадена за 4,51 милион јени, или нешто повеќе од 31 илјада евра.
Овогодинешната туна ја купи Кијоши Кимура, сопственик на ланецот ресторани Суши Занмај. Продадената туна била уловена рано утрото во близина на градот Ома, на северот од Јапонија. Јапонците се големи вљубеници во атланската туна која обично ја јадат сирова како суши или сашими. Таквите јадења со оваа врста туна чинат околу 23 евра во подобрите ресторани во Токио.