Пред два дена на лично име на претседавачот на Меѓународниот славистички комитет, академик Милан Ѓурчинов, пристигнало писмо од новиот претседател на грчката славистичка комисија Тарнанадис.Тој како што информираше Ѓурчинов го поздравил Светскиот конгрес што се одржува во Охрид и изразил жалење што поради некои моментни околности не бил во состојба да дојде и да учествува во научната расправа. Според Ѓурчинов писмото претставува позитивен сигнал во натамошната расправа со Грција за прашањата за кои постојат одредени разлики.
Писмото го поздрави и Меѓународниот славистички комитет кој на денешното заседание во Охрид одлучи следниот, XV Светски славистички конгрес да се одржи во Белорусија.