Поради редовната годишна санација и обнова на тревникот градскиот стадион „Атина Бојаџи“ ќе биде затворен за користиње од 9 до 27 септември.

– ЈП Билјанини Извори им се заблагодарува на сите корисници за нивното разбирање и соработка за време на активностите кои ќе се реализираат во наредните денови се со цел да се овозможат уште подобри услови за тренинг и натпревари на сите фудбалски екипи и школи – стои во соопштението од Јавното претпријатие „Билјанини Извори“.

Неколку години наназад градскиот стадион најмногу се користи во зимскиот период кога фудбалски екипи се подготвуваат токму во Охрид.

Моментално во градот нема фудбалска екипа која се натпреварува во Првата и Втората лига, а терените на „Билјанини Извори“ ги користат фудбалските школи.

Мх.П.