Охридскиот стадион „Атина Бојаџи“ не ги исполнува условите за одигрување на натпреварите од Првата македонска фудбалска лига.
Фудбалската федерација на Македонија на собранието одржано на трети јули донесе одлуки на кои стадиони може да се играат мечеви од Првата и Втората МФЛ.
Во дополнувањето за Охрид и стадионот „Атина Бојаџи“ стои – На стадионот може да се играат натпревари од Втората МФЛ. Доколку се изврши поставување на бараните простории како и реконструкција и доопремување на постоечките наменети за соблекувални и службени простории до први август ќе се дозволи и мечеви од првата лига. Потребно е да се обезбеди континуирано одржување на теренот за игра како и чисти хигиенски простории. Да се прибави план за евакуација и останати документи за безбедност.
Во недостиг на фудбалски клуб во Охрид минатата сезона во неколку наврати како домаќин на „Атина Бојаџи“ играше тимот на Вардар.
Покрај охридскиот стадион условите за елитен фудбал не ги исполнуваат битолскиот, стадионот на Металург и тетовскиот.
Мх.П.