Стратегот на составот од Радовиш, Љупчо Атанасов ја гледа среќата како пресуден фактор во победата на Охрид над неговите избраници 21-17 во 16-та рунда од Супер лигата.

– Двете екипи во текот на целиот натпревар беа рамноправни, можам да кажам дека победи посреќната екипа. Ние во Охрид дојдовме да победиме, но многуте осцилации во играта и како што кажав среќата не ни го дозволи тоа – рече гостинскиот тренер.

Со неуспехот во Охрид екипата на Радовиш го доведе во прашање местото на табелата кое гарантира сигурен опстанок и натпревари со ракометните гиганти Металург и Вардар.

– Се уште ништо не знае има уште два натпревари до крајот на првиот дел од првенството. И да не обезбедиме пласман во горниот дел од табелата за нас што бевме конкуренти за местата што водат во разигрување во текот на целата сезона е историски успех – заврши Атанасов.

Мх.П.